Заев и амбасадорот на Турција разговараа за актуелната политичка ситуација

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од Виктор Габер од Комисијата за надворешна политика на СДСМ, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Омур Солендил.

На средбата за разговараше за актуелната политичка ситуација и можностите за решавање на политичката криза.

-Откривањето на Вистината за Македонија ќе стави крај на недемократското владеење што го наметна оваа власт во изминативе девет години, узурпирајќи ги институциите на државата и слободната волја на граѓаните, изјави претседателот Заев.

Единствениот начин тоа да се случи, како што посочи претсеадтелот Заев е враќањето на изгубените демократски вредности, пред се слободата и владеењето на правото, што се основните цели на дејствувањето на СДСМ од коишто партијата нема да се откаже.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО