ВИДЕО: Заев ќе биде премиер четири години, договорена коалиција со Ахмети

Од:

Договорена е коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, како и ново мнозинство во Собранието, соопшти лидерот Зоран Заев кој потенцираше дека ќе биде премиер во следните четири години. Тој посочи дека договореното ќе биде разгледано и од највисоките органи на двете партии, по што договорот ќе биде потврден.  Заев во своето обраќање кажа дека брзиот напредок во преговорите е особено важен за ставање во функција на сите институции, со цел справување со коронавирусот.

„Заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и генералните секретари на партиите, имавме успешна работна средба на која ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка на идната соработка на владина коалиција. Постигнат е коалициски договор за создавање на парламентарно мнозинство, за распределба на одговорноста, состав и принципи на новата Влада со полн мандат кој во следните четири години ќе работи посветено за граѓаните и државата. Овој договор ќе биде презентиран и доставен на разгледување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ, односно Централниот одбор на СДСМ и Централниот совет на ДУИ. СДСМ тоа ќе го направи и пред своите коалициони партнери, како и ДПА како иден владин партнер“, рече Заев.

Според него, договорот за коалиција ќе донесе брзо ставање на целосна функција на клучните функции во државата, со цел справување со пандемијата.

„Јас сум горд што овој договор го постигнавме на почетокот на 20 уставно гарантирани денови кои јас ги имам на располагање како мандатор. Брзиот напредок во преговорите, беа особено важни за брзо ставање во целосна функција на клучните функции во државата, а со цел справување со сите предизвици поврзани со Ковид-19“, додаде Заев.

Заев најави кадри кои во целост ќе ги испорачаат принципите и програмските определби од договорот.

Би можело да ве интересира

Средба Заев-Дуџак: ОН ја продолжуваат поддршката на нашата држава

Жарко Настоски

Заев: Расте просечната плата, посветени сме да ја зголемиме до 34.000 денари во следните четири години

Жарко Настоски

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо врз Бугарија, Заев прави притисок врз историската комисија

Катерина Павлова-Николовска

Нема разговори за идентитетот и јазикот, следните месеци фокус на Акцискиот план, вели Заев

Жарко Настоски

Заев: Ќе бидам прв по министерот Филипче за вакцинирање

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Заев со амбасадорите на ЕУ – членките: Поддршката за јасната ЕУ-перспектива на Северна Македонија најсилната мотивација за нашите реформи

Ана Ололовска