Заев и Хелбах: Многу е важно да успее процесот на интеграции на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Христијан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи. На состанокот е изразена силна поддршка од Федеративна Република Германија за успешноста на претстојниот референдум и на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, јави владината прес служба.

Во соопштението од средбата е наведено дека на средбата било „констатирано дека Република Македонија е позитивен пример во регионот за тоа како се решаваат билатерални прашања“.

„Стабилноста и членството на Македонија во НАТО и во ЕУ е важно, како за граѓаните на нашата држава, така и за целиот регион. Очекуваме добри вести за целиот регион и затоа е многу важно, процесот што води кон интеграциите на Македонија да успее, со покажана одговорност од сите политички субјекти во државата“, констатирано е заеднички на средбата.

Премиерот Заев, се додава во соопштението од Владата, изрази голема верба дека граѓаните ќе донесат правилна одлука за својата иднина и за иднината на својата држава на 30-ти септември.

– Граѓаните се свесни дека претстојниот референдум е вратата кон подобра иднина, повисок животен стандард, осигурени граници на државата, еднаш засекогаш потврден македонски јазик и идентитет, а тоа го носат членството во ЕУ и НАТО. Очекувам свесност од сите политички субјекти во државата кои им мислат добро на граѓаните и на државата, да го поддржат процесот на евро-атлантски интеграции и да ја обезбедиме заеднички, нашата заедничка иднина, рече премиерот Заев.

Германскиот специјален пратеник, Хелбах посочи дека решението на спорот со името е предуслов за успешна евроатлантска интеграција на Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски