Заев: Го повлековме авансот затоа што недостасуваше поддршка од кинеското МНР

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека авансот бил пуштен пред време за да можеме и порано да ги примиме вакцините.

„Авансот е повлечен затоа што ја чекавме поддршката од Министерството за надворешни работи на Кина, имавме од Здравство, имавме од Синофарм, се беше завршено, но не можеме да оставиме пари да лежат во туѓа земја додека не се финишира постапката. Авансот се пушти како дел од процедурата, кога побараа соодветните министерства на Кина да се завршат прво работите, а после да се прави уплатата, ние ги повлековме и парите се тука на истата сметка на Министерството за здравство“, рече Заев.

Тој тврди дека во прашање се денови кога првите вакцини ќе пристигнат во Македонија, но сепак не може да даде точен датум кога тоа ќе се случи.

„Денеска очекувам позитивен сигнал од Кина за веднаш да ја продолжиме таа постапка. Имаме отпочнато и друга постапка со Кина за втора пратка од 200 илјади вакцини“, вели Заев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски