Заев: Обвинители и судии, брзи постапки од вас чека народот

Од:

Никогаш немало вакви судски постапки, но го ослободивме судството, да работи, но и да покаже одговорност, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање пред граѓаните на трбината „На прав пат“ во Прилеп.

-Одговороност пред својот народ. Затоа што не е само Заев и политичарите да имаат одговороност, сите што земаат плата од својот народ треба да носат одговороност. Дали се вика ветинг, дали се вика кривична одговорност, ќе си ја носат. Затоа реков, ако сакаме да не биде има да не бива, да работиме, особено тие што земаат плата од нашиот народ. Да сработиме. Обвинители, судии, транспарентни и брзи постапки нашиот народ очекува од вас. Правната држава е императив на секое здраво општество, на секое слободно, демократско општество. Тоа мора да го доживееме час поскоро тука, рече Заев

-Ги гледаме денеска првите чекори од враќањето на правната држава. Гледаме судски разрешници на едни од најголемите криминали што се случувале во нашата држава и граѓаните знаат се, нема тајни. Затоа што целта на правосудните постапки е да ја испрати пораката никој да не се осмели да прави криминал. Се промени претседател на Врховен суд затоа што независен Судски совет така одлучил. Никој не е венчан за позицијата, одговорност мора да има. Само така е исправно, особено за политичарите, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата