(ВИДЕО) Заев – Фанон: Поддршка од САД за вклучување на земјата во регионални енергетски проекти

Од:

Северна Македонија се вклучва во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос. Интерсот од нашата страна е изразен, а поддршка за проектот е добиена и од САД.

Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес, ова е потврдено на денешната средба на премиерот Зоран Заев со помошникот државен секретарза енергетика на САД Францис Фанон одржана денеска во Скопје, а која е континуитет на средбите што премиерот заедно со делегација од земјава ја имаше пред две недели во Грција за време на конференција на која присуствуаше и американскот државен секретар Мајк Помпео.

Според премиерот, ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.

Премиерот на заедничката прес-конференција со Фанон рече дека од наша страна е изразен интерес за акционерско учество на изградбата на териналот во Александропулос, кое пак според Фанон има поширок ефект и врз цената и подобрување на стабилноста на потрошувачите.

– Она што го гледаме овде е навистина трансформативно. Го ледаме развојот на еден нов енергетски развој. Грција е еден вид предводник во тоа со инфрастукра за прием на овие ресурси, но гледаме натаму со приклучоци на помали земји во еден поголем пазар што ќе овозможи трансформативен економски прогрес на земјата и целиот регион, истакна Фанон.

Тој оцени дека Северна Македонија во овој проект е важна во однос на географијата како регионален центар и додаде дека ќе ги поттикнат американските инвестиции овде во Северна Македонија.

– Геополитичите импликации се значителни, затоа што во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога било која било дражва е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој државата може да ги реализира своите политики. САД има долгорочен интерес за безбедноста на енергетиката во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на енергија и се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор немате пазар, туку зависност, истакна Фанон.

Покрај учеството во овој проект, поддршка има и за повторно функционирање нафотоводот за што се водат разговори со Хеленик петролеум.

– Раговаравме за повотнро ставање во функција на гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година и кој престана да работи од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеиум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капцитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати. На тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот, истакна Заев по средбата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски