Заев: Двајца високи претставници на власта под истрага за корупција

Од:

Се води истрага против двајца високи претставници на власта по дојава од граѓани за корупција, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на панел дебата на Самитот Македонија 2025.

– Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество. Но, исто така, транспарентноста е многу важна. Ова го кажувам прв пат, јас постојано ги охрабрувам граѓаните на нашето општество да пријавуваат потенцијални случаи на корупција, и како резултат на тоа во моментов се води истрага по овие дојави за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци, рече Заев на панел дискусијата „Што научивме и како да ги применуваме најдобрите практики во Македонија и регионот“.

Се разбира, наведе Заев, ова е само истрага и не може да се откриваат повеќе детали.

– Со ова сакам да кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите, рече премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски