Заев: Доста беше омраза, нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство

Од:

Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, напиша вечерва на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

Додава дека единствената разлика не е идентитетската, туку и таа во однос на различните погледи на светот.

-Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!, нагласува Заев во својот пост на Фејсбук.

Ваквата изјава следи откако претходно медиумите ја пренесоа изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

„По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“, изјави Каракачанов.

Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк