Заев: Должност ни е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста

Од:

Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, која ги постави темелите на независноста на нашата држава, на церемонијата за доделување на орденот „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, напиша попладнево на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Како што наведува Заев, посебно чувство на благодарност и на почит се воспоставува на средба со претставниците на генерацијата која го понесе товарот на прогласувањето на самостојноста и на меѓународното признавање на нашата држава во редот на современите демократски држави.

Според премиерот, наша должност е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста и да прифатиме дека сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме Северна Македонија за нас и за идните поколенија.

-На сите што беа присутни на церемонијата кај претседателот Пендаровски и на сите што не беа во можност да дојдат на оваа свеченост, им посакувам наскоро повторно да се видиме на 17 ноември кога ќе го одбележиме донесувањето на Уставот во 1991 со кој Република Македонија се конституираше како суверена и самостојна држава, и кога ќе им биде врачено посебно признание во име на Владата на Република Северна Македонија, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски