Заев доби поддршка од коалициските партнери

Од:

Целосна поддршка за претседателот на СДСМ Зоран Заев во чекорите за враќање на слободата и демократијата во Македонија изразија коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз и претседателите на партиите што и се придружија на опозициската коалиција.

Никола Груевски го прекрши договорот од 2-ри, преговорите се неуспешни, потврдено е едногласно на средбата, што се одржа во седиштето на СДСМ.

На состанокот се разгледуваа натамошните чекори на СДСМ и опозицијата во насока на интезивирање на сите можни форми и механизми за враќање на демократијата во Македонија.

Партиите се подготвени да ги насочат своите активности на терен, според координираните насоки што ќе ги утврдат нивните партиските органи.

СДСМ и опозицијата ќе го продолжат проектот „Вистината за Македонија“.

СДСМ и опозицијата ги почитуваат заложбите на меѓународната заедница за решавањето на длабоката политичка криза во Македонија.

На средбата е констатирано дека сите аргументи за распиничката власт на Груевски се потврдени во најновите извештаи на експертската комисија на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе, во извештајот на Стејт Департментот, во извештајот на Меѓународната кризна група, поради што Никола Груевски нема никаков легитимитет да организира избори.

Такви избори, на коишто нема да биде обезбедена слободната волја на граѓаните опозицијата нема да дозволи.

СДСМ и опозицијата како што ветија, ќе ги обезбедат потребните корективи во општеството за нормализација на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски