(ВИДЕО) Заев до Милошоски: Лажете и ја злоупотребувате собраниската говорница

Од:

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во Собранието обвини дека, Љупчо Зафировски, советник на премиерот Заев ангажиран за врски со кабинетот на Макрон во Франција, не е поврзан со дипломатија, туку извезува во Србија и Франција во име на фирмите на Заеви, уследи демант лично од премиерот.

dobivaj vesti na viber

Заев го обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дека лаже и манипулира со јавноста.

„Ми замерувате за советник кој го плаќаме 1.200 евра. Па на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте. Вие ќе држите предавање за тоа кого сум ангажирал. Еве ќе ја видиме Франција како ќе гласа во октомври“, посочи премиерот додавајќи дека има право да ангажира кого сака, а Зафировски го одбрал поради неговите контакти во кабинетот на францускиот претседател.

Тој му порача на Милошоски дека доколку ваквите трдења ги изнесе надвор од собраниска говорница ќе добие тужба.

„Излезете надвор од говорница кажете ги овие тврдења и ќе се видиме на суд. Одговорно тврдам дека компаниите на Заеви никогаш не соработувале со Зафировски“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска

Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

Ана Ололовска

Заев: Парламентот да ја поддржи реформата на администрацијата

Ана Ололовска

Пецаков до Заев: Граѓаните не се наивни, прекинете со предизборниот поткуп и корупцијата

Ана Ололовска

Подготвен закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж

Ана Ололовска

Пратенички прашања во Собранието

Ана Ололовска