Милошоски: Зафировски нема врска со кабинетот на Макрон, помага за извоз од фирмите на Заеви

Од:

Советникот на Зоран Заев, Љупчо Зафировски нема дипломатски врски со кабинетот на Макрон, па затоа премиерот ја крие неговата биографија, ниту сака да го покаже договорот за неговиот ангажман, рече пратеникот Антонијо Милошоски и додаде дека не ги добил информациите кои ги барал како пратеничко прашање.

„Се уште не знаеме кој мистериозниот, анонимен, посебен советник на Заев, Љупчо Зафировски. Но кога истражив малку, забележав дека Зафировски основал фирма „Фортуна“ во 1999 за извоз на прехранбени производи. Подоцна основал и фирма во Струмица за трговија со земјоделски производи. Значи Зафировски нема врски со дипломатија, туку извезува во Србија и Франција во име на фирмите на Заеви. Затоа премиерот го крие договорот за негов ангажман од 1.200 евра и неговото CV“,рече Милошоски.

Тој додава дека го прашал и министерот за надворешни Никола Димитров дали го познава и дали остварил средба со него.

„Димитров одговори дека не го познава и никогаш не се сретнал со него, задоволен сум од одговорот од МНР“, дециден беше Милошоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус