Влада на РМ: Иванов го напушти состанокот со Заев и Димитров

Од:

Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров го доставија договорот за решение за спорот со името до претседателот Иванов: Никој нема право да ја попречува македонската иднина

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска остварија средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на која го доставија договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија.

Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина, се вели во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези