Заев: Девојки и жени, немојте да молчите – тука сме да ви помогнеме

Од:

„Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен,“ рече вечерва премиерот Зоран Заев, обраќајќи се на онлајн трибина „Молкот НЕ е решение“ на Форумот на жени на СДСМ во рамки на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата.

„Наша заложба е општество еднакво за сите и праведно кон сите. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата,“ додаде Заев.

„Затоа, жени и девојки ве охрабрувам немој да молчите – молкот не е решение. Јас, Ние, државата, институциите сме тука за вас да ви помогнеме. Јас и Вие сите заедно мораме да се избориме да го искорениме родово базираното насилство,“ рече премиерот.

Тој ја посочи заложбата на СДСМ и на Владата и преку законски решенија и меѓународни документи да се гарантира заштитата на жените.

„Го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација. Овој закон директно треба да придонесе преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ниту една жена врз било каква основа да не смее да трпи дискриминаторски однос, дали било на работното место, во науката, во спорот, во политиката, во домот, во правосудството и во сите сфери на општественото живеење. Жената треба да биде рамноправна со мажот. Нашата цел е стапката на семејното насилство од година во година да биде се пониска, да бидеме горда земја која ќе покаже во Европа и светот дека имаме земја со ниска стапка на семејно насилство, а за тоа е потребна едукација и активизам. Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност, самата улога на жените во спречување и разрешување на конфликти и градењето на мирот и огромен број на придобивки кои оваа Конвенција ги носи,“ рече Заев на трибината.

СДСМ, истакна тој, е партија предводник на концептот за целосна родова еднаквост, партија која креира и спроведува политики кои значително помагаат во поголемата вклученост на жените во општествениот живот.

Ние заедно со жените во СДСМ, подвлече Заев, го покажавме со дело она што беше заложба на вториот бран на феминизмот преку мотото дека личното е политичко, преку конкретни дела и политики покажавме што значи вистинска заложба и вистинска борба на жените во политиката, но и во општеството. Последен доказ за тоа се и статутарните измени во СДСМ, со кои СДСМ е прва партија во земјава, во регионот и една од ретките партии во Европа, која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски