Заев: Дел од блиските на функционерите ќе се откажат од вработувањето во државните фирми

Од:

Дел од функционерите потврдуваат дека нивните блиски ќе се откажат во вработувањето во јавниот сектор заради тоа што гледаат алтернатива на државните институции, но редно е да ги оставиме тие сами да соопштат, бидејќи станува збор за личен чин. Верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување и на тој начин ќе ја покажеме нашата совесност кон останатите граѓани, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека сите граѓани се еднакви пред законот и пред институциите, но додаде дека пример треба да биде етичкото однесување на функционерите.

-Тоа е лош пример иако се работи за мала бројка, а токму функционерите треба да бидат добар пример како да се однесуваат граѓаните. Ако ние им наложиме нешто ќе потврдиме дека е тоа надвор од закон, етика или слично. Се работи за личен чин кој очекувам тие да го направат. Правиме детална анализа. Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци. Начинот на конкурирањето, фер и транспарентната правична постапка во делот на запослувањето е дел од анализа чии извештаи ги очекувам неделава. Кога ќе ги добијам веднаш јавно ќе ги соопштам сите информации, изјави Заев во одговор на прашање по презентацијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Сакам да им укажам на сите граѓани, како и на членовите на смејствата на функционерите, додаде, дека сите сме пример во државата.

-Ако сакаме да го потврдиме тоа што го зборуваме дека подобро платени места, подобра можност за напредување во кариерата и поголеми плати како растат со своите практични знаења има во приватниот сектор, тоа мора да го покажеме како пример. Имаме одлични дефицитарни профили кои можат да бидат и побогати и понапредни ако изберат да одат во приватните институции. Постојат алтернативи за еден геодет, архитект, информатичар, економист, правник или било кој млад човек можностите се огромни. Државата е тука да ги помогне сите млади луѓе и сите граѓани, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски