Заев: Да си посакаме во претсојните празнични денови со искушенијата да се соочуваме со смирението на Оној кој ја победи смртта

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, упати честитки до Синодот и до свештенството на МПЦ-ОА, и до сите православни Христијани во нашата земја, со пораката Христос Воскресна – Навистина Воскресна им го честиташе најголемиот православен празник Воскресение Христово – Велигден!

Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Г.Г. Стефан, премиерот Заев, меѓу другото, пишува дека „овој голем празник не повикува да ја отвориме нашата волја и да се усовршуваме како луѓе и личности имајќи го предвид подвигот на Исус Христос, и да ги чуваме душата и телото чисти, за да не бидеме задушени во мракот на невоздржувањето. Бидејќи, најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму воздржувањето и одговорноста. Тие човечки вредности можат со сигурност да ги ослободат, да ги зајакнат, да ги осилат душата и духот“.

„Со благодатта на распнатиот и воскреснатиот Христос во овие Велики денови, на сите православни Христијани, да Ви го честитам Воскресението Христово, и нека биде за многаја лета“, порачува во писмото со честитки до православните Христијани по повод Велигденските празници, Премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод празникот, писмо со честитки упати и до Црковното претставништво и верниците на Евангелско-методистичката црква во земјата.

Би можело да ве интересира

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Државниот врв на Велигденски ручек

А1он