А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Заев: Да почекаме уште неколку дена, па да видиме дали можам да разрешувам функционери од ДУИ

by А1он22/05/2019 - 18:2022/05/2019 - 18:52324
Share0

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту пак нивните имиња.

Добивај вести на вибер

Тој вели дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети бидејќи е коалиционен партнер на СДСМ за да му ги презентиреа слабостите што досега ги увидел.

-Сите коалициони партнери имаме право да даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави која можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена, па ќе видиме која е таа вистина за која зборуваме. Кога ќе ги дадам предлозите за промени во парламентот, Груби заедно со нивната пратеничка група ќе може да се изјасни. Затоа имав средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да знаат кој чекори ќе ги превземам, а во партијата да си ги разгледаат кои одлуки ќе ги донесат. Штом ќе ги донесам одлуките веднаш ќе ги соопштам, немам намера да лицитирам со имиња, рече Заев коментирајќи ја изјавата на Груби кој претходно денеска порача дека ветингот на ДУИ нема врска со метлата на Заев.

Заев не сакаше да каже дали актуелниот министер за екологија, Садула Дураки, ќе биде прв министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

-Кадровските промени не ги коментирам. Штом ќе ги донесеме одлуките, ќе ги соопштиме за сите, рече Заев.

Заев прашан дали може да разреши функционери од ДУИ, рече „Да почекаме уште неколку дена, па да видиме“.

-Ги почитувам сите луѓе, опонентите, сите. Слабостите кога се присутни, тие се кај луѓе. Тие доаѓаат од политички партии. Ќе дојде времето, ќе видиме дека ќе бидат опфатени од сите полтички субјекти, рече Заев.

Кристијан Ландов

duisdsm

Би можело да ве интересира

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

Горан Наумовски11/02/2026 - 16:01

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он10/02/2026 - 19:03

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски08/02/2026 - 11:3308/02/2026 - 12:45

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен