А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев – Брнабиќ: До крајот на јули One Stop Shop, граѓаните двојно помалку да чекаат

by А1он05/07/2019 - 18:2806/07/2019 - 06:31520
Share1

Премиерот Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ на денешната средба на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ разговарале за забрзување на динамиката на финализирање на работите на One Stop Shop пунктот на граничниот премин Табановце за што ќе биде наменет и дел од грантот во висина од 2,8 милиони евра, од вкупните 42,7 милиони евра што Република Северна Македонија ги доби на Самитот во Познањ во рамки на Берлинскиот процес.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како дополнителни приоритети, како што соопшти владината прес-служба, премиерите Заев и Брнабиќ ги издвоија и проектот за авторизирани економски оператори, кои Северна Македонија и Србија ги воведуваат како први земји во регионот и од кои се очекува да се олесни трговската размена, како и да се постават повисоки стандарди во регионот, комплементарни со оние на ЕУ, кога станува збор за раст на трговијата во регионалната соработка.

Претседателите на владите ја поздравија и почнатата соработка и во размена на искуства и во ноу-хау во дигиталните технологии, од кои посебно внимание ќе биде посветено на соработката за размена на искуства во сферата на дигиталните сервиси и владините веб страници со оглед на модерните веб решенијата кои ги има српската Влада, и кои можат да ги подобрат владините веб страници на земјава да станат уште повеќе услужно ориентирани кон граѓаните, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

srbijaZaev

Би можело да ве интересира

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он16/10/2026 - 15:0816/10/2026 - 15:55

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он14/10/2026 - 19:54

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он10/10/2026 - 12:4710/10/2026 - 12:49

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он08/10/2026 - 14:00

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 00:2504/10/2026 - 11:11

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 04:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео