Заев – Бомгартнер: Поддршка од Франција за евроатланскиот развој и за политиките на соработка и разбирање

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Сирил Бомгартнер, новиот амбасадор на Француската Република во нашата држава при што на состанокот е констатиран видлив напредок на Република Северна Македонија во последниве неколку години, во насока на воспоставувањето и почитувањето европски вредности и притоа, изразено е очекување дека државата ќе продолжи по тој пат и во иднина.

Како што соопшти владината прес-служба, Француската Република го поддржува евроатланскиот развој на Република Северна Македонија, во духот на политиките на соработка и разбирање што ги застапува нашата држава, како што изјави и вчера претседателот Макрон на Самитот во Софија.

На средбата, се додава, е разговарано и за конкретните чекори што се преземаат со цел интензивирање на билатералната соработка помеѓу нашата држава и Франција, преку делување на Француската агенција за развој во Скопје. Оценето е дека постои зголемен интерес на француски компании за инвестирање во земјава и дека со тоа се отвора широко поле за соработка во областа на економијата, здравството, животната средина, енергетиката, земјоделството.

Премиерот Заев се наведува, изрази благодарност до претседателот Макрон и до граѓаните на Франција за поддршката во евроатланските интеграции на нашата држава, како и преку европските фондови, коишто се од големо значење за реализацијата на проектите за современа, европска инфраструктура. Исто така, премиерот Заев упатил покана до францускиот претседател Макрон, за посета на нашата држава.

-Ние сме силно фокусирани на воспоставувањето европски вредности во нашата држава и на развојот на економијата, што носи бенефити за граѓаните. Поддршката од искрени пријатели, како што е Француската Република, многу ни значи. Покажавме дека со политиките на дијалог имаме конструктивна улога во европскиот и економскиот развој на регионот и продолжуваме да работиме во таа насока, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, најави учество на утрешниот париски Самит за мир, со што, како што рече, Република Северна Македонија уште еднаш потврдува дека јасно стои зад стратешките определби на Европа, за политики на пријателство, соработка и меѓусебно разбирање со цел придонес и обезбедување мир во светот, стои во соопштението од Влада.

Би можело да ве интересира

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска

Вашингтон очекува разјаснување од Анкара за протерувањето дипломати

Турција протерува 10 амбасадори: На удар и САД, Франција и Германија

Катерина Ѓуровски