(ВИДЕО) Заев: „Бомба“ од аргументи за злоупотребите на власта во државата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија-СДСМ, Либерално демократската партија-ЛДП и Новата социјалдемократска партија-НСДП, синоќа од Битола го почнаа серијалот отворени трибини со граѓаните, посветени на актуелните општествено-политички состојби во Република Македонија.

Според претседателот на СДСМ Зоран Заев, јавните средби со граѓаните на Република Македонија ќе придонесат да се слушне за вистинските состојби во државата, за злоупотребите на извршната власт која е најодговорна за се што се случува во земјата.

На синоќешната јавна трибина со членовитеи симпатизерите на опозицијата, лидерот на СДСM истакна дека опозицијата и власта треба да имаат споделена одговорност за состојбите во државата и затоа нема да отстапи од петте јавно истакнати барања на опозицијата, а врз процесите посебно ќе влијае т.н. „бомба“ од аргументи за злоупотребите на власта во државата.

– СДСМ и опозицијата имаат капацитет да направат систематска и прецизна, цела документација на аргументи. Во моментот кога се ќе се обзнани, за три дена власта ќе треба да замине, но за жал честа на Македонија ќе биде повредена и лично верувам дека ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи. Нашите докази и аргументи кои што ги имаме, во многу прецизно и соодветно време ќе бидат објавени во јавноста, затоа што јавноста мора да ги знае и се надеваме дека тоа ќе биде најбезболниот начин за нашата Македонија. Мојата верба во доказите и аргументите кои потврдуваат дека нема слобода и демократија во Македонија е толку голема, што го става мојот политички кредибилитет и кредибилитетот на целото раководство на СДСМ. Ако не успееме, тогаш политички не заслужуваме да ја водиме опозицијата, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев.

На синоќешната интерактивна средба со битолчани, претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека нема информација за тоа дека некој од пратениците имал намера да се врати во парламентот и да ја прекрши одлуката на СДСМ, а тоа го потврдиле и од ЛДП и од НСДП, што значи нема враќање во Собранието на Република Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија

(ВИДЕО) Талески: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ: Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ пет економии во Европа

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана