А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Бенефитите од членството во НАТО веќе се видливи

by А1он03/06/2019 - 12:13261
Share0

Одржувањето на денешниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО во Скопје е најсилната политичка потврда за нашето извесно полноправно членство во Алијансата. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО, потенцира премиерот Зоран Заев во обраќањето пред почетокот на состанокот на Североноатлантскиот совет со кој претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова е реализација на напорите и на стремежите на сите генерации политичари од различни политички партии и на сите граѓани од нашата земја од независноста до денес, нагласи Заев.

Ова е резултат, подвлече, на неуморната работа на нашите институции, на професионалците од одбраната и безбедноста, но и на сите други институции од државата.

– Членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план, рече Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Додаде дека резултатите се веќе видливи, откако е добиена поканата за членство во Алијансата. Бруто домашниот производ пораснал за 5,5 проценти, невработеноста е намалена за 7,5 проценти, индустријата бележи пораст од 8,8 проценти, а платите пораснале за 6,1 процент. Странските инвестиции, според Заев, постигнале нов рекорд во државата од 625 милиони евра или трипати поголем од просекот во последните осум години, а двојно поголем од најдобрата година досега.

– Секогаш постоел широк натпартиски и меѓуетнички консензус за нашето членство во НАТО. Тоа беше една од нашите идеи и водилки и кога ни беше најтешко. Тоа ни беше мотивација за да се соочиме со тешката безбедносна криза во 2001 година и со тешката политичка криза пред само две години и сите кризи да ги поминеме по мирен пат, на демократски начин и пат на дијалог, кажа Заев и додаде дека успеваме да ја обновиме нашата демократија, да ја ослободивме заробената држава и да ги вратиме демократските начела кои се темелот на НАТО како што се владеењето на правото, професионалните и независни институции и слободни медуми.

Осврнувајќи се на решавањето на отворените прашања со Грција и Договорот со Бугарија, Заев потенцира дека нашата земја придонесува да се промени политичката динамика во целиот регион.

– Работиме да создадеме нов Балкан на 21 век, регион што ќе биде синоним за мир, развој и економски просперитет, регион каде добрососедските односи и блиската регионална соработка ќе бидат основен стандард за секојдневно функционерирање, рече Заев и најави дека во иднина ќе соработуваме со нашите соседи во рамки на НАТО како блиски сојузници или во одржување и унапредување на нивната соработка со Алијансата. Веруваме, подвлече Заев, и ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата.

Премиерот најави дека нашата земја е подготвена до 2024 година да го постигне стандардот од два проценти од БДП за одбраната, со зголемување секоја година за 0,2 проценти. Според него, земјава е подготвена да го носи, као што рече, товарот на обврските од членството во НАТО и да се соочи со сите предизвици на тој пат. Најави дека ќе се зголеми учеството во мировните мисии во НАТО и во фондовите кои помагаат во зачувување на мирот и демократијата во земјите како во Ирак и Авганистан.

– Може да сметате на нашата лојална поддршка во борбата против ИСИС и ДАЕШ, им порача Заев на генералниот секретар Стотелберг и на амбасадорите на 29-те земји во НАТО. Меѓу другото, Заев упати порака дека нашата земја ги прифаќа и доследно ги почитува трите столба и обврски на НАТО – пари, способност и придонес.

Потсети дека членството во НАТО е наша стратешка одлука верификувана со Резолуција на Собранието едногласано усвоена 1993 година.

natoZaev

Би можело да ве интересира

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 17:56

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Горан Наумовски20/11/2026 - 11:00

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Предраг Петровиќ19/11/2026 - 17:06

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ: НАТО стигна до границите на Русија

Горан Наумовски17/11/2026 - 19:18

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Горан Наумовски17/11/2026 - 18:23

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

Горан Наумовски16/11/2026 - 18:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео