Заев бара оставка од Чулев: Дали се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните?

Од:

Оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев побара денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој на својот профил на Фејсбук го обвини Чулев за вчерашните настани во Струга, кога бројни граѓани се собраа на литија, иако се забранети масовни собири. Заев прашува дали министерот за внатрешни работи се консултирал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Заев, тоа што структури на полицијата предводени од Чулев не реагирале и дозволиле да се случaт овие инциденти, покрева највисок степен на одговорност кај него и мора да заврши со итна негова оставка.

– Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните? Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита? Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга? Дали Мицкоски му одобри на Чулев напад врз новинар? Дали Мицкоски му одобри на Чулев фрлањe чадна бомба во публика, прашува лидерот на СДСМ на својот прифил на Фејсбук.

Со ваквите постапки, обвинува Заев, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ повторно нѐ потсетуваат дека кај нив нема грам срам, ниту одговорност.

-Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ преземаат опасни чекори во здравствената криза. Тие повторно тргнуваат од нивната вечна партиска позиција: колку е полошо за граѓаните, толку е подобро за опозицијата. Нема ниту еден разумен и добронамерен човек кој би можел ова да го оправда. Затоа, на вакво скандалозно однесување и при вакви катастрофални постапки против граѓаните, има само еден логичен чекор којшто Чулев треба итно да го преземе – Оставка!, пишува Заев на профилот на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори