А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев – Бабиќ: Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина

by А1он20/07/2017 - 14:52187
Share0

Посетата на висока делегација предводена од премиерот Зоран Заев во сабота во Сараево ќе биде почеток на интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина, за што денеска претседателот на Владата разговарал со босанската амбасадорка во земјава Лепа Бабиќ.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Констатирано е дека по формирањето на новата демократска Влада во Македонија се создадени услови за продлабочување на соработката во повеќе области, од интерес за граѓаните на двете држави. Станува збор за меморандуми за соработка што ќе донесат олеснувања за земјоделците и во областа на културата, соопшти владината прес-служба за средбата на Заев и Бабиќ.

Во периодот што претстои разгледани се можностите за договори околу меѓусебно признавање на возачките дозволи, овозможување на граѓаните на двете земји да влегуваат во државите со лични карти, поголема соработка во областа на образованието преку размена на студенти и професори, продлабочување на економската соработка преку формирање бизнис-клуб. Од двете страни сериозно се разгледува и можноста за отворање авиолинија на релација Скопје – Сараево.

Амбасадорката Бабиќ соопштила дека постои голем интерес од бизнисмени од Босна и Херцеговина за инвестирање во Македонија кои, како што е наведено во соопштението, во демократските промени во Македонија и најавените реформи на Владата гледаат услови за инвестирање во државава.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Владата на Република Македонија и јас како премиер сме сериозно определени кон градење добрососедски односи и развивање на меѓународната соработка, затоа што тоа ќе придонесе кон квалитетен живот на граѓаните на Македонија. Исто така, преку добрата соработка, регионот испраќа порака дека постои посветеност и подготвеност за реализација на обврските потребни за евроатлантските интеграции, коишто се и наша заедничка иднина, рекол премиерот Заев.

Соговорниците се согласиле и дека стратешки интереси за Република Македонија и за Босна и Херцеговина, како и за целиот регион се целосна интеграција во Европската унија и во НАТО.

ambasadorivlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео