(ВИДЕО) Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ оди на избори во април, СДСМ нема да биде нем набљудувач

Од:

Во Македонија нема услови за фер избори на 24 април, она што го говоревме го потврдија ЕУ и САД. Не е прочистен избирачкиот списоок и не се спроведени реформите за медиумите. Кога меѓународната заеница најави проценка, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНE немаа ништо против, заради страв од промените ВМРО-ДПМНЕ сега тврди дека има услови за избори.

Вчера Никола Груевски избега од соочување со вистината, тој ги направи изборите на 24 април невозможни. Било какво инсистирање на избори само заради спас на Никола Груевски ќе ја втурне Македонија во криза со несогледливи последици. На Македонија и се неопходни избори час поскоро, без фантомски гласачи, на кој ќе одлучат граѓаните, а не мафијатата.

Ниту едно сценарио на Груевски тоа нема да го спречи. Институциите мора да профункционираат, тие што го прекршиле законот ќе одговараат, рече на прес конференција во партиското седиште, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На прашање дали поради бојкотот на олеснувачот на преговорите, Питер Ванхауте од страна на владејачката партија, ќе нема договор за медиумите, Заев кажа дека и покрај тоа што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кажале многу работи во минатото, на крајот тие излегле поинакви.

Во однос на тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека САД и ЕУ не ја изнеле проценката врз база на факти Заев рече дека аргументите и фактите се нешто пред што и Боговите молчат.

– Посебно мерливи во денови се датите кои покажуваат дека не постои време за прочистување на избирачкиот список. СДСМ нема намера да ги алиментира нефер изборите кои ги најавува ВМРО-ДПМНЕ, но и нема да бидеме неми посматрачи на ваквите избори, рече Заев.

Според него, иницијативата која ја предложија партиите за распушптање на парламентот се токму тие партии кои треба да предложат иницијатива за одложување на изборите.

– Ако учествува на вакви избори било која партија ќе биде соочесник во криминалот и корупцијата. Конечната цел која носи стабила Македонија се фер и регуларни избори. Ние сме опозиција во парлементот, малцинството не може ништо да направи, сето она што ќе го направат владејачките партии ние внимателно ќе го следиме, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски