Заев: Аболицијата да се повлече, да се организираат регуларни избори со учество на сите партии

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од членката на Извршниот одбор на СДСМ и членка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рената Дескоска, денеска се сретна со Штефан Шенах, шеф Делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, придружуван од членови на Комисијата.

На средбата се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија по неисполнетите услови за фер и регуларни избори во Македонија и апсурдната одлука на Ѓорге Иванов за аболиција на претставници на високиот врв на власта за кои се отворени истраги, меѓу другото и за изборен криминал.

-Трите клучни услови за регуларни избори не се исполнети што е јасно и за домашната и за меѓународната јавност. Избирачкиот список не е прочистен, медиумски реформи не се спроведени, партијата не е одвоена од државата. Кулминација на погазувањето на Договорот од Пржино од страна на власта е срамната одлука на вршителот на функцијата претседател на државата, Иванов, за аболиција, поради што незадоволството на граѓаните се излеа по улиците. Решение за ситуацијата е повлекување на незаконската одлука на Иванов и организирање и реализација на фер и регуларни избори на коишто ќе биде избрана кредибилна Влада, соопшти претседателот Заев.

Zaev Senah2

Констатирано е дека продлабочувањето на политичката криза води кон нестабилност за земјата. Претседателот Заев нагласи дека СДСМ поддржува ненасилни и мирни граѓански протести и порача дека за добрата иднина на Македонија неопходно е исполнување на клучните предуслови за фер избори и учество на сите политички субјекти во земјата на регуларни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата