„Заедно за Струга“: Сите стружани да ги надминат партиските, верските и етничките бариери и да гласаат за Кочоски

Од:

Коалицијата „Заедно за Струга“ денеска на прес-конференција ги повика граѓаните на општина Струга во вториот изборен круг да ги надминат сите партиски, верски и етнички бариери и да го дадат својот глас за Владимир Кочоски, канидат на на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ поддржан од СДСМ.

Кочоски, според коалицијата, ќе ги обедини сите и ќе ја направи Струга подобро место за живеење.

– Во градот Струга Кочоски имаше над 4.000 гласови повеќе од заедничките гласови на неговите политички конкуренти и тоа е значајна порака како до стружани, така и до цела Македонија, истакна носителот на заедничката листа на коалицијата „Заедно за Струга“, Ристо Ќушкоски.

Тој  им се заблагодари на граѓаните за довербата што ја дале за коалицијата во првиот изборен круг што се одржа во неделата.

– Стружани уште еднаш покажаа и докажаа дека само заедно и сложно можат да ги остварат заедничките интереси на сите граѓани на општина Струга. Освоивме 11 советнички места, што не прави нај јака политичка сила во Советот. Победивме во првиот круг, ќе победиме и во вториот, додаде Ќушкоски.

Повикувајќи ги сите граѓани на општина Струга во вториот круг да го дадат гласот за Кочоски, претседателот на струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски истакна дека победата на кандидатот за градоначалник од македонскиот блок партии покажува оти тој ќе биде градоначалник на сите граѓани.

– Владимир Кочоски е човекот кој ќе овозможи граѓаните на Струга за кратко време да направат разлика и да го споредат квалитетот на работа, ефикасноста, еланот и љубовта кон нашиот град. На стружани не им беше потребен експресен воз на свои сограѓани, кои живеат и работат во западно европските држави како економски емигранти, како што тоа го направија партиите на Македонските албанци, на вештачки и некоректен начин, рече Петкоски.

Според резултатите од првиот изборен круг, од коалицијата „Заедно за Струга“ информираа дека само во градот 7.374 граѓани го дале гласот за Владимир Кочоски, 2.256 за Зијадин Села, додека за Арбен Лабеништа гласале 1.508 граѓани.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори