Заеднички за побезбеден и поурбан Карпош

Од:

На координативната средба која се одржа денеска во просториите на локалната самоуправа, самостојните референти од 14-те урбани заедници во Карпош, во присуство на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднесоа детален извештај за безбедноста во својот реон, до командирот на полициската станица Карпош. Во рамките на работната средба, се говореше за конкретните мерки и предлози, со кои би се подигнала безбедноста и сигурноста на карпошани на повисоко ниво.

Веднаш потоа, претставниците од локалната самоуправа од Карпош одржаа координативен состанок со претставниците од ЈП ,,Водовод и канализација’’ –Скопје и ЈП ,,Паркови и зеленило’’ – Скопје.

Со приложената документација, административците од Карпош укажаа на потребите за интервенција во инфраструктурната мрежа и хортикултурните потези на територија на Општината. Според фактографскиот материјал кој им беше доставен, Јавните служби навремено ќе превземат мерки со кои ќе се отстранат дефектите во водоводната и канализационата мрежа и ќе се поткастрат гранките од старите дрва, кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

10418358_10151996529461706_410989351476641099_n

10390494_10151996598136706_7469104734684874522_n

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски