Заеднички проект на општините Кочани и Благоевград

Од:

„Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е заедничкиот проект на општините Кочани и Благоевград со кој ќе се изврши целосна реконструкција на општинските згради во двата града.

Вредноста на проектот што беше претставен денеска во Кочани изнесува 398 илјади евра. Го спроведуваат Центарот за развој на Источниот плански регион и Обласната администрација од Благоевград, преку програмата за соработка со република Бугарија „Интерег“.

– Со проектот ќе се направи целосна обнова на фасадата на општинската зграда во Кочани, со што таа ќе стане енергетски ефикасна, ќе се заменат прозорците и вратите, кровната конструкција а ќе се изгради и пристап за лицата со попреченост. Општината од сопствениот буџет обезбеди средства за замена на водоводната и електричната инсталација кои не се менувани повеќе од 60 години, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

За обласниот управител на Благоевград Валериј Сарандев, соработката со Источниот плански регион е од особена важност, а добиениот проект ке придонесе за енергетски ефикасна зграда на општината во Благоевград, по европски терк.

Би можело да ве интересира

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ