Заеднички проект на општина Центар и „Специјална олимпијада – Македонија“

Од:

„Општина Центар и меѓународната невладина организација „Специјална олимпијада“ започнаа реализација на проект со кој лицата со посебни потреби, кои учат во основните училишта на територијата на општината ќе имаат можност за посебни спортски активности, надвор од наставата.

Активностите ќе бидат изведувани од нивните професори по физичка култура.

Целта на проектот е инклузија на лицата со посебни потреби, кои низ спортски активности, дизајнирани според нивните можности, ќе можат да се запознаат со спортовите, правилата на игра, ќе се охрабрат да тренираат и на тој начин, ќе се јакне нивната самодоверба и можноста за развој.

Спортските активности ќе се изведуваат во просториите на училиштата и ќе бидат пример за грижа кон сите граѓани во општина Центар.

Невладината „Специјална олимпијада – Македонија“, постои од 2004-та година, а меѓународната невладина организација, во чии рамки делува и „Специјална олимпијада – Македонија“, е посветена на поттикнување и зајакнување на лицата со посебни потреби опфаќа 4,4 милиони атлети од 170 земји“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар