Заедничката вежба меѓу армиите на Македонија и САД „Dragoon Guardian 17“ денеска во Струмица

Од:

Општина Струмица денеска ќе биде домаќин на заедничката вежба на припадници на армиите на Република Македонија и САД.

Во периодот од 18 до 20 часот пред домот на АРМ, ќе биде презентирана воената опрема на инженерскиот сквадрон на копнените сили на армијата на САД и на инженерскиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ, а ќе учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.

Во оваа заедничка вежба двете армии ќе користат опрема која што се состои од воени теренски возила, лично вооружување, медицинска и заштитна опрема, како и опрема за детекција на експлозивни средства.

Покрај презентацијата на опремата, а во делот на интеракција со локалното население ќе се одржи и фитнес сесија и детски натпревар – патека со пречки.

Целта на оваа заедничка вежба е зајакнување на довербата и билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД, подобрување на стандардите на АРМ за влез во НАТО и демонстрација на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество, се вели во писменото соопштение на општината, додавајќи дека локалната власт чествува со максимална поддршка и ставање во функција на сопствените ресурси за успешна реализација на оваа вежба.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он