Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Од:

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре Г.П. и „Делчево“, односно од бугарска страна Г.К.П.П. „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 8 до 14 часот.

Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е