Задоволни сме од тековните разговори меѓу Софија и Скопје, вели американската амбасадорка

Од:

Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Северна Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз.

Таа го коментираше заедничкото патување и активности на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Рим, по повод чествувувањето на Свети Кирил и Методиј.

Радев, кој ја предводи бугарската делегација, околу пладне слета со бугарскиот државен авион на Меѓународниот аеродром – Скопје, за да ја земе македонската делегација, предводена од Пендаровски и заедно потоа да упатија кон Рим.

Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија Пендаровски и Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј во кусата изјава денеска на скопскиот аеродром.

Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски