А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Забрзување на прoцедурата за воведување на заштитниот механизам за безвизниот режим

by А1он26/10/2012 - 11:5226/10/2012 - 15:50227
Share0

Министрите за внатрешни работи на земјите- членки на Европската Унија се заложија за усвојување на „заштитната клаузула“, која овозможува суспензија на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

За заштитниот механизам да влезе во сила потребно е тој да биде усвоен од Европскиот Парламент. Механизмот предидува враќање на визите за период од шест месеци за земјите од кои доаѓаат голем број на мигранти или азиланти, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Шведскиот министер за внатрешни работи Тобијас Билстрем нагласи дека главната тема на состанокот не била повторното враќање на визите за земјите од Западен Балкан, туку разгледувањето на серија на мерки за да се реши проблемот со лажаните азиланти. Некои од тие мерки треба да бидат донесени од земјите од Западен Балкан, додека другите од земјите-членки на ЕУ.

Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилиа Малмстром на прес-конференцијата најави дека заклучоците од состанокот во Луксембург ќе бидат претставени пред министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан на состанокот, планиран за ноември во Тирана. Таму заедно со делегацијата од ЕУ тие ќе разговараат детално за проблемот со лажните азиланти и мерките за зачувување на безвизниот режим.

Германскиот државен секретар за внатешни работи Оле Шредер од своја страна оцени дека „најголемиот број од министрите се согласуваат дека масовната злоупотреба на правото на азил е сериозен проблем.“ Тој најави дека германската Влада има намера да воведи мерки за скратување на постапката за давање азил, како и намалување на финансиската помош која им се дава на барателите. Швајцарија тоа го направи во август и во септември бројот на азилантите од Западен Балкан многу се намали.

Кипарската министерка за внатрешни работи, Елени Мавру ги повика земјите од Западен Балкан да ги донесат неопходните мерки за борба против злоупотребата на привелегијата да се патува слободно во ЕУ.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ и дадоа широка поддршка на заштитната клаузула за суспензија на безвизниот режим и побараа таа да биде усвоена колку што е можно побрзо. Оваа процедура веќе е во постапка во ЕП од јануари 2012 година, каде не се крие дека земјите членки вршат притисок за да се забрза постапката.

– Се надевам дека наскоро ќе биде постигнат договорот со Европскиот парламент за измена на регулативата. Европската комисија ќе продолжи да ја следи ситуацијата, нагласи Мавру, додвајќи дека земјите-членки побарале од Комисијата да ја зајакне соработката со земјите од Западен Балкан со цел да се осигура дека критериумите на патоказите од визната либерализација се спроведуваат.

azilantieuvizi

Би можело да ве интересира

Трамп: Најголем договор досега

Горан Наумовски27/07/2025 - 21:03

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски27/07/2025 - 19:5227/07/2025 - 20:06

Трамп: САД и ЕУ имаат добри шанси да постигнат трговски договор

Горан Наумовски27/07/2025 - 18:41

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он24/07/2025 - 15:57

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:1624/07/2025 - 14:35

Политико: Администрацијата на Доналд Трамп ја обвинува Европа за „орвеловска“ цензура

Горан Наумовски23/07/2025 - 13:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен