Забрането е да се оди на Водно од 18 до 6 часот и собирање на повеќе од 5 луѓе

Од:

Владата вечерва усвои нови заклучоци во врска со справувањето и ширењето на коронавирусот. Со новите владини одлуки, се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден. За оваа цел, МВР со патролни возила ќе го затвори пристапот кон Парк шума „Водно“.

Владата забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се задолжуваат МВР и Армијата да ги разбиваат овие групи и да ги интензивираат теренските контроли.

Се забранува одржување на наставата и спроведувањето на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи, за период од 14 дена. За оваа цел, се задолжува МВР, доколку е потребно, ова правно да го нормира во Уредба со законска сила.

Владата им препорачува на сите работодавачи, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата. Исклучок од оваа мерка се вработените во министерствата за внатрешни работо, здравство и одбрана, Армијата, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови.

Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително ќе треба да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

Се задолжува МВР да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири (во општина Сопиште и во населеното место Соње), со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, а кон сопственикот на објектот и присутните лица затечени во објектите да се преземат соодветни законски мерки заради непочитување на мерките и препораките на Владата.

Се задолжува Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство да оствари работна средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период.“

Денеска Владата ја донесе и Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица  и брашно од пченица или наполица со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00  и 1101 00. Ограничувањето на извозот  од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 април 2020 година, со можност за продолжување доколку состојбата со пандемијата го бара тоа.

„Оваа одлука е усвоена со цел да не се нарушат состојбите на пазарот во земјата, и да  се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО и во услови на ограничен  увоз на брашно поради донесената одлука за забрана на извоз на брашно и други производи од Република Србија во времетраење од 30 дена, кое завршува до средината на април 2020“, се вели во владиното соопштение.

На денешната седница била усвоена и Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезинфекциони средства.

Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската Здравствена Организација  е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19 и ќе се применуваат до 30 април 2020 година.

Со оглед на прогласувањето на вонредна состојба, донесени се уредби за одложување на полагање на испитот за вештаци, правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари за време на траењето на вонредната состојба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата