Забраната за чување кучиња во Центар кои лаат е стара мерка и важи за цело Скопје

Од:

Многу прашина за стара вест и законска обврска. Денеска дел од медиумите ја објавија веста за одржувањето на јавната чистота во општина Центар, одлука, едногласно донесена и од советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Насловите беа различни: „И тоа е можно-Општинарите од Центар им забранија на кучињата да лаат“, „Општина Центар забрани да се чуваат кучиња кои многу лаат“, „Жерновски забрани кучињата во Центар да лаат и завиваат“.

Но доколку  се провери ќе се види дека обврската да се обезбеди согласност од соседите за чување домашно милениче во станбен објект или во дворот на зградата, забраната за чување куче што лае и ги вознемирува соседите, сопствениците да ги чуваат домашните миленици така што тие нема да го вознемируваат спокојството на станарите, како и милениците да се регистрирани во надлежна ветеринарна институција и да се редовно вакцинирани е одамна донесена мерка и одамна се применува или треба да се применувана територијата на Град Скопје.

„Одлуката на Советот на Општина Центар, изгласана во четвртокот, значи усогласување со Законот за Град Скопје, Законот за комунални дејности и Законот за локална самоуправа. Станува збор за правно усогласување“, појаснуваат од Општина Центар.

Во одредбите е предвидено, шетање на кучињата само со корпа на устата и подводник, изметот кој ќе го направат на јавна површина, сопственикот е должен да го собере во кеса и да го остави во корпи наменети за таа цел. Ловечките кучиња мора да се шетаат врзани.

Чување на гулаби и според овие одредби е дозволено, но под услов гулабарниците да се изградени според стандарди. Доколку соседите се пожалат на гулабарникот дека им го попречува нормалното живеење, комунален инспектор може да го задолжи одгледувачот да го премести гулабарникот или да го забрани одгледувањето гулаби.

Забрането е чување коњи, маски, магариња, свињи, овци, говеда и живина, како кокошки, гуски, мисирки и пајки. Забрането е и чување пчелини семејства на територијата на Центар.

Забрането е и пружање и сушење облека, постелнина или килими на прозорците, терасите, оградите и другите надворешни делови на објекти кои гледаат кон јавните или сообраќајни површини. Не е дозволено ниту пишување графити на фасадите и цртање по нив, поставување реклами и натписи без претходно одобрение од надлежен орган.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории