Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Стража

Од:

Забрана за тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег е воведена изутринава во 04:50 часот на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Стража.

Како што соопшти АМСМ од 03:45 часот на патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

На 15 декември од 10:00 часот, патниот правец с. Балван – с. Таринци кај мостот на реката Брегалница, поради безбедност за учесниците во сообраќајот е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинскиот премин Стража и на Маврово, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Наизменично се одвива сообраќајот на патот Гостивар – Стража

Поради несреќа, во прекин сообраќајот на патот Гостивар – Стража кај „Новоселски мост“

Катерина Ѓуровски

Од Рогачево кон Јажинце забрана за сообраќај за камиони, од Тетово кон Попова Шапка за автобуси

Укинати сите забрани за сообраќај за тешки товарни возила

Катерина Ѓуровски

Забрана за камиони на Стража

Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица