Забрана за одржување на свадби и прослави на затворено во Тетово, предлага Комисијата за заразни болести

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19.

„Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот. Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено“, велат од Министерството за здравство.

Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции:

– Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.
– Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.
– Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.
– Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски