Забрана за движење на тешки возила само на Стража

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози на места со остатоци од кашаст снег.

Се уште е на сила забраната за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека забраните на патниот правец Крак-Маврово-Дебар и планински превој Ѓавато се укинати.

По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја