Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража и Дебар-Струга

Од:

Забраната за движење на тешки товарни возила е воведена на патните правци Гостивар – Крак Маврово – Крак Стража, а поради одрон и на патниот правец Дебар – Струга.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот дел од државата, каде се бележат врнежи од снег со среден интензитет.

На повисоките планински и осојничави места има остатоци од снег кои го забавуваат движењето на возачите.

Од АМСМ препорачуваат поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Наизменично се одвива сообраќајот на патот Гостивар – Стража

Поради несреќа, во прекин сообраќајот на патот Гостивар – Стража кај „Новоселски мост“

Катерина Ѓуровски

Забрана за камиони на Стража

Забрана за движење на товарни возила кон Стража и Маврово, кон „Деве Баир“ и превој Ѓавато поради врнежи од снег

Снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево

Укината забраната за тешки товарни возила преку Стража