Заболени од ковид и меѓу медицинскиот персонал од болницата во Тетово

Од:

Како во претходните бранови на голем број заразени со Ковид-19, и сега има медицински лица од тетовската клиничка болница кои се болни поради коронавирусот. За среќа нема ниту еден на болничко лекување.

-Имаме и сега некои луѓе од медицинскиот персонал заболени од Ковид-19. Имаме со лесна симптоматологија и некои се дома на изолација. Тоа не влијае на работниот процес на клиниката. Тие се со лесна клиничка слика и едвај чекаат да се вратат на работа, но мора да поминат 10 дена во изолација, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот на тетовската клиничка болница.

Тој потенцира дека вакцинацијата и придржувањето на мерките се единствениот начин Тетово да ја помине епидемијата.

-Ова е како да била некоја битка и сега сме после битка. Ние ги собираме последиците. Тоа не значи дека ако тераме по старо ќе имаме помали битки или уште хоспитализирани. Така што, ако тоа сме го направиле сега сме свесни и мора да се дисциплинираме – маска, дезинфекција на раце, дистанца и почутвање на останатите мерки, објаснува д-р Нуредини.

Тој апелира на поголема внимателност затоа што коронавирусот, пред се кај младите, минува без симптоми, а притоа може да се заразат други луѓе.

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ