Забелешки за уставните амандмани

Од:

Фондацијата отворено општество-Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата-сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Македонскиот центар за европско образование и ЛГБТИ Центар за поддршка, по јавната расправа, до Владата ги упатија ставовите, забелешките и сугестиите на уставните амандмани XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII и XXXIX.
Општа забелешка за измените на Уставот е што се носат во отсуство на демократска атмосфера , со голема брзина, несоодветна консултација со јавноста и во отсуство на опозицијата од Собранието на РМ.
Затоа бараат од Владата да ги повлече Нацрт амандманите.
„Уставот на РМ треба да остане акт кој ги гарантира слободите и правата на човекот и граѓанинот и кој ги поставува темелите на функционирањето на државата, а не акт кој ќе го руши суверенитетот на државата и кој ги претставува идеолошките заложби на актуелната владејачка партија“, стои во образложението.
Според Фондацијата отворено општество-Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата-сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Македонскиот центар за европско образование и ЛГБТИ Центар за поддршка, дефинирајќи го заедништвото помеѓу еден маж и една жена како единствена форма на животна заедница која продуцира правно дејство, се нарушуваат правото на семеен живот, принципот на еднаквост на сите граѓани, принципот на праведност, владеењето на правото, принципот на плуралност, граѓанинот како носител на суверенитетот, достоинството, индивидуалната автономија и секуларноста на државата – гарантирани со Уставот на РМ, а со тоа и правото на заштита од дискриминација, како и другите права со кои се гарантира еднаквиот третман на сите граѓани.
Нацртот на амандманот, велат, е во директна спротивност на духот на Уставот на РМ
и неговото усвојување би значело повреда на неколку уставно и меѓународно гарантирани
права и слободи на граѓаните.

Воведувањето на посебни закони и правила кои ќе важат само за корисниците за меѓународните
финансиски зони, ги исклучува домашните правила и создава два паралелни системи во една
држава. Создавањето привилeгирани правила за одредени економски субјекти (во овој случај
корисниците на меѓународните економски зони) наспроти веќе важечките правила за сегашните
економски субјекти е во спротивност со правилата на политиката на конкуренција, дефинирана со
Законот за заштита на конкуренција на РМ како и Законот за државна помош.
Конкретните забелешки и предлози од линкот:http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/zabeleski-predlozi-sugestii.pdf

Би можело да ве интересира

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани