За Жерновски уште 3.000 евра казна од инспекциите

Од:

Градоначалникот на општина Центар ги демантира информациите во некои медиуми во врска со вчерашната седница на Советот на општината.

„Предлагач на 4-те Детални урбанистички планови е претседателот на Советот. Затоа, политичка манипулација е барањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот да биде задолжително присутен на седницата.

Според Деловникот на општината, градоначалникот е должен да присуствува на седницата кога е предлагач на точка на дневен ред. Во времето кога се одржуваше седницата јас ги извршував редовните, однапред планирани обврски. Една од нив беше и средбата со мисијата на ОБСЕ, предводена од амбасадорот Ралф Брет, кој меѓу другото изрази загриженост поради притисоците кои се вршат врз општина Центар. Во четвртокот имаше нова инспекција во општината, овој пат управна, и казнет сум со нови 3.000 евра од трудова инспекција.

Манипулациите и притисоците во врска со работата на општина Центар мора да престанат, да се остави општината нормално да функционира за да продолжи да ги исполнува ветувањата и задачите поради кои и жителите на Центар ја дадоа довербата на актуелното раководство“, стои во реакцијата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар