За заловување кучиња скитници во Куманово издвоени 800 илјади денари

Од:

Општина Куманово одвои 800.000 денари без ДДВ за заловување на кучиња скитници, тендерот е завршен, склучен е договор со ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово кој и годинава ќе спроведува акциите за заловување на кучиња во Куманово. Со новиот тендер овие два дена заловени се 18 кучиња скитници од различни локации од Куманово.

Со претходниот тендер кој почна во јуни лани, а заврши на почетокот од јуни годинава беа заловени 450 кучиња. Средствата од претходниот тендер целосно беа искористени, а според одговорните од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово биле реализирани 50-тина акции,нешто повече во однос на претходните години.

– Имавме дојави од граѓаните дека на поедини локации, конкретно во близина на Железничка станица и кај Искрин мост кај село Доброшане видени се несовесни лица како од возила истоваруваат поголем број кучиња на јавно прометна површина. Општина Куманово поднесе пријава во СВР Куманово против непознат сторител и се надеваме дека со истрагата што ќе ја спроведат надлежните ќе бидат откриени прекршителите на Законот“, изјави комуналниот редар во општина Куманово, Гордан Таневски.

Од општината ги повикаа граѓаните редовно да ги информираат за кучињата скитници во градот со цел навремено да се интервенира. Инаку, стручни екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои се задолжени за спроведување на акцијата ќе ги заловат кучињата и ќе ги сместат во прифатлиште кое ги исполнува стандардите. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани, а потоа се пуштаат на локација каде што се заловени.
Сите оние кои сакаат да вдомат куче кое е заловено, а вакцинирано и третирано можат да се обратат во секторот за инспекциски надзор и да се договорат со надлежните.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски