За Задушница ќе се затвораат улици кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

Од:

Поради верскиот празник Задушница, утре и во сабота, во периодот од 6 до 16 часот, на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци, до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова“ и излегување на улица „Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Роман Каскалиевич“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка