За време на викендот издадени вкупно 1145 решенија за изолација

Од:

Oд страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие, информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев преку социјалните мрежи.

„Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на викендот извршени се 987 контроли при што се евидентирани 2 објекти кои не ги почитувале одлуките, од нив во изминатото деноноќие извршени се 212 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава за време на викендот издадени се вкупно 1145 решенија за изолација, а 738 лица потпишале изјави за самоизолација, од кои 566 решенија и 178 изјави во изминатото деноноќие. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 16 лица кои не ги почитувале овие мерки, од кои 1 лице во изминатото деноноќие.

Во државен карантин се спроведени вкупно 398 лица за време на викендот, а 96 од нив се во изминатото деноноќие“, пишува Чулев.

Тој апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, заеднички да се придонесе што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски