А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За време на викендот 31 сообраќајка во Скопје

by А1он23/02/2015 - 10:35118
Share0

За време на викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 31 сообраќајка од кои во една со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Добивај вести на вибер

Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 14 сообраќајки од кои осум биле со материјална штета, а шест со телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле осум возачи на патничко возило, пет сопатници и еден возач на велосипед со мотор.

Во сабота се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои пет со материјална штета и пет се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко возило и четворица сопатници.

Седум сообраќајки се случиле вчера и тоа во две е причинета материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле седум возачи на патничко возило и тројца сопатници.
Во овој период откриени се 48 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а од нив 22 возеле движеле со брзина поголема од 90 километри на час, 29 возачи возеле под дејство на алкохол и 10 возачи поминале на црвено светло.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 96 возила.

Од денеска, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје го почнува вториот циклус едукативни предавања со учениците од први и втора година во средните училишта на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции врз безбедноста на патниот сообраќај“. Предавањата ќе се одржат во училиштата „Владо Тасевски“, „8 Септември“, „Методија Мицевски Брицо“, „Орце Николов“, „Браќа Миладиновци“ и „Димитар Влахов“.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

skopjesoobrakajka

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен