За време на викендот 20 сообраќајки, потешко повредени две лица

Од:

За време на викендот во Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди во кои со потешки повреди се здобиле две лица, а полесно биле повредени девет учесници во сообраќајот.

Со материјална штета се евидентирани 11 сообраќајни незгоди.

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 11 сообраќајни незгоди од кои во пет е причинета материјална штета, а во четири полесно се повредени четири лица. Се случиле и две незгоди во кои потешко се повредени еден пешак и еден сопатник во патничко моторно возило, а со телесни повреди се здобил и еден возач на патничко возило.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда, во која со полесни повреди се здобиле две лица.

Вчера е извршен увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои две се со причинета материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле две лица.

Во текот на изминатите три дена санкционирани се и 75 возачи кои возеле над дозволеното, 17 возачи кои возеле под дејство на алкохол, тројца возачи кои поминале на црвено светло и уште седум возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и шест возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 78 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како на пешачкиот, така и на моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ