За време на викендот 16 сообраќајки

Од:

Во текот на викендот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и девет со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 111 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 40 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 26 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.

Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, 11 поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 195 мандатни платни налози и 102 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он