За викендот 31 сообраќајка во Скопје

Од:

На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 31 сообраќајна незгода.

Во петокот, на 13 јуни, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, еден пешак, тројца сопатници и двајца мотоциклисти.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во Сабота, на 14 јуни, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци, еден сопатник и двајца возачи на мопед.

Случена е и една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Во недела, 15 јуни, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле две лица.

Случена е и една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди се здобиле три лица.

Исто така, случени се и две незгоди со загинати лица. Првата незгода се случила во 4 часот и 30 минути на регионалниот пат Скопје – Петровец, во населено место Трубарево. Во незгодата учествувало патничко моторно возило „опел вектра“ со велешки регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата, возачот на патничкото моторно возило „југо“ се здобил со тешки телесни повреди, истиот е пренесен во Градската болница „Свети Наум Охридски“ каде по извесно време им подлегнал на повредите. Исто така, во незгодата едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.

Втората незгода се случила во 9 часот и 40 минути во село Глумово, во близина на гробиштата Горна Матка. Во незгодата учествувало товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Истиот изгубил контрола на возилото, се превртел и како последица од незгодата едно лице сопатник им подлегнало на повредите.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 35 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 61 возач кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Исто така преземени се мерки и по прекршоците коишто ги чинат возачите на велосипеди со помошен мотор, мопед и мотоциклист при што санкционирани се 19 лица кои сториле прекршоци по разни основи. Од нив, 10 возачи не го носеле заштитниот шлем за време на управување на возилата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

Петмина повредени во сообраќајка кај струшкото село Радожда