За Велигден и Рамазан нема полициски час, отворање на сите летни тераси

Од:

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето и отворање на летните тераси во сите угостителски објекти. Новите ограничувања се предложени за периодот од 28 април до 15 мај.

„Утре од Владата ќе побараме согласност за овие мерки. Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почнува од 21 часот. За Велигден и Рамазан да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20 часот односно до 20.30 минути“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Укинувањето на полицискиот час за Велигден и Рамазан, министерот Филипче вели дека е заради чувството на граѓаните.

„Да потенцирам, здравствената состојба ја дозволува оваа мерка. Верските заедници, на состанокот минатата недела, земаа обврска се што може да организираат надвор и да водат сметка за почитување на протоколите“, рече министерот Филипче.

Овие мерки, тој образложи дека се предлагаат поради очигледното олабавување што се чувствува не само кај нас туку и во сите околни земји. Намален е бројот на приеми во болниците, од 200 кога сме имале најмногу, вчера имало 69 приеми во болниците, а намален е и бројот на пациенти на болничко лекување. Најголемата бројка била 1789 хоспитализирани пациенти која сега е симната на 1400.

 

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски